top of page

Брза утринска рутина //SimSaltirova

Updated: Oct 31, 2020

Хеј на сите!

Како за прв мој артикл тука на колективниот блог на Atelier Per Sempre секако дека се одлучив да споделам нешто што е наједноставно и начесто поставувано прашање од моите клиентки и пријателки.


Обично се шминкам секој ден, наутро, и кога сум во динамичен ден во студио со клиенти избирам брза, лесна и свежа варијанта на мејкап, колку да сум средена 😊.

Откако завршувам со утринскиот skin care, како верна подлога за мејкап користам заштитен фактор 50 која е моја исклучително важна препорака и неизоставен чекор пред шминката. Заштитата на кожата од сонцето е од голема важност.

Потоа секогаш, ама баш секогаш ги средувам моите веѓи. Лично мене ми е потребно потцртување и продолжување а верувам и кај голем број на девојките барем мало пополнување е секогаш добредојдено, и продолжувам со нивно исчешлување нагоре за ултра шик изглед.

Секако по ова следи коректор под очите но со лесна и глатка текстура за да нема многу тежина, сепак е дневен мејкап и барам нешто што само малку ќе прикрие. Истото важи и за пудра која знам и да ја прескокнам некогаш ако имам good skin day ✨.

Следи моето омилено: крем руменило во розе праска боја за да го освежи и даде боја на ликот што според мене е супер варијанта за преку ден. Претпоследен чекор ми е секогаш маскара во два слоја, и за крај само балзам за усни со благ тинт на розе црвенкаста боја, кое е многу ненаметливо и дава минимална боја и сјај, идеално за дневна шема 😊.


Се читкаме пак нареден пат

💄💋💥

 

Чекори:

  1. Заштитен фактор 50

  2. Потцртување на веѓи

  3. Коректор под очите

  4. Пудра (опционално)

  5. Крем руменило во розе праска боја

  6. Маскара во два слоја

  7. Балзам за усни

 

On the go routine

Hey everyone!

As for my first article here on the Atelier Per Semper collective blog I certainly decided to share something that is the simplest and most frequently asked question by my clients and friends.


I usually put on make-up every day, in the morning, and when I am on a dynamic day in a studio with clients I choose a fast, easy and fresh variant of make-up, as long as I am tidy 😊.

After finishing the morning skincare, as a faithful primer for make-up I use SPF 50 which is my extremely important recommendation and an indispensable step before putting on the make-up. Sun protection is of enormous importance! Then I always, but literally always I trim my eyebrows.

Personally, I need to underline and extend my eyebrows a bit, and I believe that is true for many girls, (at least a little filling is always welcomed) and I finish by combing them up to achieving an ultra-chic look. Of course, this is followed by a concealer under the eyes, but with a light and smooth texture so that there is not much weight because it is still a daily make-up and I am looking for something with light coverage. The same goes for the foundation, that I know to skip some days if I have a good skin day ✨.

Here is my favorite: cream blush in pink-peach color to refresh and give color to the face which in my opinion is a great variant for the day. The next step is always mascara in two layers and in the end only lip balm with a slight tint of pink-red color, which is very unnoticeable and gives minimal color and shine, ideal for a daily scheme 😊.


See you next time

💄💋💥

 

Steps:

  1. SPF 50

  2. Eyebrow trim

  3. Concealer under the eyes

  4. Foundation (optional)

  5. Cream blush in pink-peach color

  6. Mascara in two layers

  7. Lip balm


 



Author: Симона Салтирова // Simona Saltirova


50 views0 comments

Comments


bottom of page