top of page

Политика на Приватност

Добредојдовте во политиката на приватност на AtelierPerSempre.com!

AtelierPerSempre.com исклучително се грижи за приватноста на своите посетители и корисници и е целосно посветена да ги заштити нивните лични податоци, како и правилно да ги користи во согласност со законите за приватност на личните податоци. Оваа политика на приватност ги објаснува начините на кои ги документираме личите податоци, како и можностите и правата кои им се достапни на нашите посетители и корисници во врска со истите податоци.

Ве замолуваме внимателно да ја прочитате нашата политика на приватност и целосно да ја разберете пред да пристапите кон други услуги на нашата страница. Доколку имате некое двоумение или не ги разбирате целосно доленаведените потточки, ве замолуваме да нè известите на еден од нашите наведени контакти.

 

  • ВЕ МОЛИМЕ ЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО! 

Нашата политика на приватност опишува како ги документираме и користиме податоците кои се однесуваат на сите наши нерегистрирани посетители, како и на нашите регистрирани корисници, при пристап на нашата веб страница.

Целта на политиката на приватност е да ви дадеме јасно објаснување за тоа кога, зошто и како ги собираме и користиме вашите лични податоци, како и објаснување за вашите законски права кон истите.

Ве замолуваме внимателно да го прочитате секој дел од овој документ со цел да ги разберете нашите причини и безбедноста која ја преземаме за вашите податоци. Доколку не се согласувате со која било наведена потточка од нашата политика за приватност, ве замолуваме да ја напуштите нашата веб-страница и доколку сакате, да не информирате за истите причини. Доколку имате какви било прашања или двоумења поврзани со нашата политика на приватност, ве молиме контактирајте нè на persempre.mk@outlook.com.

  • КОИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ?

Во зависност од тоа дали се работи за нашите посетители или корисници, собираме два вида податоци:

1.    Неидентификувани податоци кои се однесуваат на наш посетител или неидентификуван корисник, кои автоматски можат да се пристапат преку користење на нашата веб-страница. Ваквиот тип информации не ни овозможуваат да го идентификуваме посетителот или корисникот кои ги поседува тие информации. Неличните информации кои ги собираме главно се состојат од технички податоци, како што се број прегледи, фрекфентноста на „клик“ акцијата, неидентификувани информации од корисничкиот уред, оперативниот систем, интернет прелистувачот, резолуција на екранот, датум, време итн.

2.   Личните податоци се базирани на контакт од нашите корисници (на пр. е-пошта, адреса или телефонски број), информации поврзани со сесијата на прелистување (IP адреса, гео-локација и / или идентификација на уредот), податоци преземени при користење надворешни платформи - Google или Facebook, податоци кои ни ги даваат нашите корисници по е-пошта или при онлајн разговори со нас.

  • КАКО ГИ СОБИРАМЕ ПОДАТОЦИТЕ?

Постојат два пристапа на собирање податоци:

1.     При користење на нашата веб-страница, вклучувајќи пребарување, регистрирање на корисничка сметка и сл. Овие податоци ги собираме со помош на таканаречените колачиња (анг. "cookies").

2.     Податоците кои ни ги давате доброволно можат да бидат документирани од наша страна, како што се: информации при директно контактирање со нас, податоци добиени при користење надворешен канал - Google или Facebook, и податоци поврзани со вашето регистрирање.

  • ЗОШТО ГИ СОБИРАМЕ ОВИЕ ПОДАТОЦИ?

Нашиот тим ги собира горенаведените персонални и неперсонални податоци поради:

1.     Овозможување и подобрување на понудите;

2.    Понатамошно развивање и подобрување на нашите услуги, засновано на поединечните преференци, искуства и потешкотии на нашите посетители и корисници;

3.    Обезбедување постојана помош и техничка поддршка на нашите клиенти;

4.    Можноста да испраќаме информации за понуди на дефинирана група корисници, со цел да одбегнеме постојано информирање на корисници кои не би биле заинтересирани за нашите новости;

5.     Креирање на настани, попусти или понуди, како и постојано следење на перформансите;

6.    Спроведување статистички анализи со цел подобрување на нашите услуги;

7.     Подобрување на безбедноста на податоците;

8.    Почитување на важечките закони и регулативи.

  • УПОТРЕБА НА КОЛАЧИЊА 

Со цел правилно работење и подобрување на нашата веб-страница и понуди, потребно е да се преземе мала датотека со податоци („колаче“) која се чува на вашиот уред. Ние користиме ваков тип податоци за целите на автентикација на онлајн сесијата, за безбедноста на корисникот, за зачувување на преференсите на самиот корисник, за понатамошно подобрување на понудите персонализирани за истиот корисник (пр. поставеноста на јазикот, понудените креации и сл.)

Доклку сакате да ги избришете или блокирате овие „колачиња“,  треба да погледнете во делот за поддршка на вашиот интернет прелистувач за понатамошни упатства. Информациите за како да го направите сето ова се исто така достапни и на https://www.aboutcookies.org/  


*Сакаме да напомениме дека оваа веб-страница не е креирана од нас, и затоа не можеме да ја гарантираме нејзината 100% точност, комплетност или достапност.

Исто така, не заборавајте дека со бришење на вашите „колачиња“ или оневозможување на идните, вашето искуство со нашата веб-страница може да биде незадоволувачко во однос на вашите барања и очекувања.

  • ПРАШАЊА И ПОПЛАКИ

Доколку имате какви било прашања или грижи поврзани со нашето собирање или намена на личните податоци, или верувате дека не се придржуваме до Политиката на приватност или важечките закони за заштита на личните податоци, ве молиме контактирајте нè.

Вашите поплаки се од големо значење и ќе ги преземеме сите разумни дејства при решавање на истите (нашето време за одговор е период од најмногу 10 дена).

Се надеваме дека ќе ги постигнеме сите ваши очекувања и ќе го разјасниме секое ваше сомнение. Меѓутоа, доколку останете незадоволни, имате можност да поднесете жалба до вашиот локален надзорен орган за заштита на личните податоци.

bottom of page