top of page

ЗА НАС

Основани во 2017-та година во Скопје, Македонија, целиме да ги соединиме љубовта и пасијата при креирање уникатни креации. Ние сме бренд заснован на иновации кој сака да внесе промени не само во македонската модна индустрија, туку и пошироко од нашите корени. Инспирацијата ја црпиме од моќните и амбициозни карактеристики на секоја жена која знае дека секој момент од животот е уште една шанса за самоизразување.

Ви се допаѓа ли моментот кога се заљубувате? Брзото чукање на вашето срце, напливот од емоции, треперењето и изразот на вашето лице? Љубовта може да се појави на секое место, во секој момент, обземајќи ве со нејзиниот пламен од емоции, независно дали е предизвикана од текстура, објект, личност или друга појава. Страста поттикната од љубов пронаоѓа една сосема неоткриена страна од нас, ја зацврстува нашата самодоверба и чувството на неограничена моќ.

Жената е уникатно дело на природата, способна за неограничена љубов, пропратена со целосна емпатија. 

Она што нè издвојува се посветеноста кон секој детал во нашите креации, нивната сензуалност, како и желбата да постигнеме секоја жена да се чувствува уникатно. Atelier Per Sempre е бренд предводен од исклучително уметнички и професионален дизајнер, кој цели кон создавање на безвременски, моќни и уникатни ремек-дела.

ЗА НАШИОТ ДИЗАЈНЕР

Јасминка Стојановска потекнува од семејство со богата историја во светот на модата, нејзиниот дедо, кој бил добро познат кројач во рамките на високата мода во цела Македонија, ѝ помогнал да ги осознае основите во оваа индустрија. Потекнувајќи од Скопје, Македонија, постојано била опкружена со личности кои имаат силна волја и познавање за висококвалитетенен текстил преточен во елегантна креација.

Се едуцирала во областа на електротехниката и информатичките технологии со надеж дека во иднина ќе го искористи своето знаење, креативност и иновација за создавање уникатни дела со помош на компјутерската моќ и прецизност. По нејзиното дипломирање, поради сплет околности и недоволната развиеност на оваа технологија во Македонија и блиските земји, Јасминка ја продолжила својата кариера во областа на интернет-технологиите. Овие промени никогаш не ја спречиле да продолжи да создава нови дизајни и да ги развива своите вештини. Всушност тоа било нејзината вистинска љубов, начин да се изрази и да остане верна на нејзината желба.

Поминувајќи низ тежок период од нејзиниот живот, таа успеала да се избори за нејзе и нејзините ќерки, станувајќи симбол за истрајност и независност. Знаејќи дека ништо не може да ја запре, одлучува да го преземе првиот сериозен чекор во патот кон остварување на нејзината животна желба и страст. Така таа го основа својот дизајнерски бренд ,,Atelier Per Sempre" (per sempre-итал. - „засекогаш“; симбол на вечната битка, сила и независност, но истовремено претставувајќи ја вечната елеганција, женственост и страст).

Силата што таа ја искажува својот цел живот, интелектуалниот и индивидуалистички став, ги обликуваат нејзината дизајнерска насока и инспирација, што резултира со оформување на идеалната Per Sempre жена. Борбата низ која поминала и нејзината победата се манифестираат во она што денес е претпознатливо како брендот Atelier Per Sempre.

bottom of page