Како и секој тренд што бледнее и повторно се појавува, таков е случајот и со аксесоарот шал-марама.
Сведоци сме дека во 90тите овој изглед бил навистина популарен и практикуван од многу познати и влијателни жени во светот, за денес истиот да биде повторно прифатен како предизвик од поголемиот дел модни инфлуенсерки и трендсетерки. Од моја гледна точка (блогер), трендот е многу практичен и модерен, од повеќе причини. Првично ми се допаѓа можноста да се експериментира со едно парче, на крајот од денот тоа е и целта на модата нели?
Исто така, неверојатно е чувството да сте обвиткани со нешто меко, нешто пријатно, особено свила. Трето марамите можеме да ги најдеме во скоро секоја продавница за облека и по многу достапни цени. Значи на нас ни преостанува само да бидеме креативни. Но реалноста е дека трендот е екстравагантен за одредена група на луѓе и не секогаш е нешто кое би го практикувале на работното место, но токму тоа го прави уникатен. Марамата што денес сте ја носеле во функција на аксесоар на работа, може да биде совршен горен дел за забавата која следува потоа! Во продолжение да погледнеме неколку забавни начини како да ја заврзете вашата марама во повеќе форми, и притоа секој пат да добиете сосема ново парче облека:
How to style your “boring” scarf in different ways? (Trend Alert)
As all trends fade and reemerge, so it seems does this humble scarf trick. In the '90s the look was championed by many famous and influential women. Today, it's the off-duty look that top Instagram trendsetters are adopting one by one.
From my point of view (blogger), the trend is such a lifesaver, for several reasons. Primarily I really like the possibility to experiment with one piece of clothing, because I work in fashion and it is quite a challenge. Also, it feels amazing to be wrapped in something soft, something pleasant, especially silk. Last but not least, scarves can be found in almost every clothing store and at very affordable prices. So we only have to be creative. Now, to be honest, this trend tends to be extravagant for certain groups of people and it is not always suitable to wear it in the office, but that is exactly what makes it unique. For example, the scarf you wore in the office today as an accessory, could be the perfect top for the upcoming party afterward! In addition, let’s see some fun ways how to tie your scarf in many shapes and always get a different look every time.
1. Тријаголно топче:
Најпопуларно во оваа сезона. На момент наликува на украсна салвета, но се добива интересен резултат кога ќе го внесеме во светот на модата! Одлично одговара во комбинација со biker shorts или oversized фармерки, и е MUST HAVE.
Исто така, тријаголното топче е одлична пригода да ги покажете гломазните ланчиња и обетки. Поради тоа што нема прерамки, ракави ни чипка која може да попречи, ова е погоден момент да му дадете можност на вашиот накит да биде во преден план. Како да го направите ова топче? Едноставно, држете го дијагонално на половина и превиткајте го околу вашето тело, а потоа само врзете го зад грбот во двоен јазол.
1. The triangle top:
The most popular and most worn this season. Looks a little like a napkin, but make it fashion! It’s a perfect match with any biker shorts or oversized jeans, and it’s a MUST HAVE.
Also, the scarf top serves as the perfect partner to the season's bold necklaces and statement earrings. Since there are no straps, sleeves, or lace to get in the way, your jewelry has the chance to shine.
How to make it? You’re just going to hold it diagonally in half and wrap it around your body and then just tie the ends behind your back in a double knot.
2. Топче со едно рамо:
Еден од најдобрите модни трендови. Воопшто не наликува на марама, и погодене и за свечени настани! Облечете се за да воодушевите, или во најмала рака, да збуните.
Како да го направите? Потребно е да го држите дијагонално како и претходниот пример, но овој пат ќе треба да ги поставите двата краја од марамата еден до друг, и да ги врзете во двоен јазол. Потоа, протнете ги главата и раката низ отворениот дел од марамата поставувајќи ја поголемата повшина на предниот дел.
2. One shoulder top:
Most wanted. It really doesn’t look like a scarf at all and it’s convenient for formal events too! Dress to impress, or at the very least, confuse.
How to make it? You are going to hold this one diagonally in half like the last one, but this time you are going to take the two ends next to each other and tie them into a double knot. Then you’re going to put your head and arm through it with the large side in the front. So you’re gonna have to not resting on one shoulder and the other arm will go above the edge of the scarf and you’re gonna wrap the tail around your back, and you will stick that tail over and then under the other part of the scarf on your back.
3. Алтернативна опција:
Како алтернативна опција, можете да ги превртите насоките и да заврзете графичко топче на предната страна, во комбинација со високо-струкирани панталони.
3. Alternative option:
For an alternate option, consider flipping directions and tying a graphic top in the front and style with a pair of high-waisted pants.
Author: Никица Ацева // Nikica Aceva
コメント